Како можеме да помогнеме?
Одговори на најчестите прашања за закажување, плаќање, поени и Gift Cards.
Чести прашања
12 прашањаКако да закажам термин?
Избери салон, услуга, професионалец и слободен термин, потоа плати онлајн со картичка и терминот е веднаш твој. Ќе добиеш потврда за закажаниот термин по е-пошта и терминот можеш да го видиш во Термини.
Можам ли да го откажам или сменам терминот?
Да, во Термини: Откажи или Презакажи. Секој салон има свои правила — до одреден број часови пред терминот откажувањето е бесплатно, а подоцна салонот може да задржи дел од цената. Правилата ги гледаш пред да платиш и повторно пред да откажеш.
Како функционира плаќањето?
Терминот се плаќа онлајн, со картичка, при закажувањето. Ја плаќаш наведената сума за услугата према салонот, без дополнителни трошоци. Од втората посета на ист салон можеш да платиш и во готово, во салонот, по услугата, ако салонот прима готовина.
Што се Glowy поени и како ги користам?
Добиваш 50 поени за секој завршен термин (освен првиот закажан преку линкот на самиот салон), 50 за оставена оценка по завршување на твојот термин, и 150 поени откако пријателот што ќе го поканиш ќе го уплати и заврши својот прв термин. На секои 1.000 поени добиваш паричен бонус од 300 ден во твојот Паричник.
Како да поканам пријател и да добијам попуст?
Во Профил постојат две опции да поканиш пријател.
Преку е-пошта: внеси ја е-поштата на пријателот и ние ќе му испратиме е-покана.
Преку линк за покана: испрати го линкот преку Viber, WhatsApp, Instagram или Facebook.
Задолжително е пријателот да се регистрира на твојата покана и да ја уплати својата прва услуга. Откако терминот ќе биде завршен, ти добиваш 150 поени во својот Паричник.
Што ако салонот го откаже мојот термин?
Целиот износ ти се враќа на картичката, и ти пишуваме по е-пошта со причината што ја навел салонот. Терминот ќе го најдеш во Термини, под Откажани термини.
Како да ја сменам лозинката?
Во Профил → Поставки → Промени лозинка.
Ако си ја заборавил лозинката, најави се со кодот што ќе ти го испратиме на твојата е-пошта и постави нова.
Како да го избришам профилот?
Во Профил → Поставки → Избриши профил. Се бришат твоите лични податоци, а минатите термини и плаќањата остануваат без твоето име. Ако имаш претстоен термин, прво откажи го или почекај да помине.
Дали плаќањето е безбедно?
Да. Картичката ја обработува лиценциран процесор на картички, а Glowy никогаш не ги чува податоците од неа — ни бројот, ни датумот, ни CVV. Плаќаш точно цената на салонот, а при откажување парите ти се враќаат на истата картичка, според правилата на салонот.
Како да купам Gift Card?
Во Профил → Gift Cards избери дизајн и износ, внеси го името и е-поштата на примачот и плати онлајн. Примачот ја добива картичката по е-пошта со код, кој го внесува во Паричник и вредноста ја користи за кој било салон на Glowy. Картичката важи 12 месеци.
Дали можам да закажам без регистрација?
Не — за закажување треба профил, за терминот да биде твој, потврдата да стигне по е-пошта и да можеш да го откажеш или презакажеш. Регистрацијата трае минута: е-пошта и код, или Google. Првиот термин е со 15% попуст.
Како мојот салон да стане дел од Glowy?
Пријави се на Glowy за партнери: првите 14 дена се бесплатни, без картичка, а потоа плаќаш месечна претплата според големината на тимот. Ако салонот е и на Glowyмаркет, софтверот е поевтин, а провизија плаќаш само за термините што ти ги носиме. По пријавата ќе те контактираме и ќе потпишеме договор, а салонот се објавува штом ќе внесеш работно време, услуги, фотографии и тим.