Стани партнер Најави се
Правни документи

Бришење на профил

Последна измена: 8 октомври 2026 г.

Профилот на Glowy.mk можете да го избришете сами, кога сакате — во апликацијата или на веб-страницата. Тука е објаснето како, што се брише и што останува.

На оваа страница
  1. Во апликацијата
  2. На веб-страницата
  3. Што се брише веднаш
  4. Што останува
  5. По бришењето
  6. Ако не можете да се најавите
  7. За салоните
  8. Контакт

1. Во апликацијата

Отворете Профил
Во долното мени, па Поставки.
Избриши профил
Најдолу во Поставки.
Потврдете
Прочитајте што се брише и потврдете.

2. На веб-страницата

Најавете се
На glowy.mk, со истата е-пошта како во апликацијата.
Отворете Профил
Најдолу на страницата: Избриши го профилот.
Потврдете
Прочитајте што се брише и потврдете.

Ако имате претстоен термин, профилот не може да се избрише додека тој не помине. Можете и да го откажете во Активност — колку пари ви се враќаат е опишано во Политиката за откажување и враќање пари.

3. Што се брише веднаш

Вашите податоци
Име, телефон, е-пошта, лозинка, фотографија, датум на раѓање и пол.
Белешките до салоните
Сè што сте им напишале на салоните при резервација.
Омилени салони
Листата на зачувани салони.
Покани
Поканите што сте ги испратиле до пријатели, поканите што други ги испратиле на вашата е-пошта, и вашиот код за покани.
Кодови за најава
Сите кодови испратени на вашата е-пошта.
Врската со Apple
Ако сте се најавувале со Apple, ја прекинуваме и кај Apple.

4. Што останува

Некои записи остануваат, бидејќи на нив се потпираат сметководството и историјата на салонот — но без ништо по што може да бидете препознаени:

Резервации и плаќања
Без вашето име и контакт, колку што бараат сметководствените и даночните прописи.
Оценки
Остануваат видливи, без вашето име.
Поени и бонуси
Остануваат во евиденцијата, но повеќе не може да се користат.

5. По бришењето

Бришењето не може да се врати. Со стариот профил повеќе не може да се најавите, но со истата е-пошта и телефон можете кога било да направите нов.

6. Ако не можете да се најавите

Пишете ни на support@glowy.mk од е-поштата на профилот и побарајте бришење. Откако ќе потврдиме дека профилот е ваш, ќе го избришеме исто како погоре, најдоцна за еден месец.

7. За салоните

Сопственик
Мојот профил → Затвори салон и избриши сметка, со вашата лозинка, откако нема претстојни термини. Се бришат вашата сметка, најавите на тимот и фотографиите; резервациите и плаќањата остануваат како финансиска евиденција.
Член на тимот
Мојот профил → Избриши најава. Се брише само вашата најава; вашиот профил во тимот го води сопственикот.

Повеќе во Условите за партнери.

8. Контакт

Контактирај поддршка
Пишете ни на support@glowy.mk.
Политика на приватност
Кои податоци ги собираме и зошто.

Закажувај убавина —
брзо и едноставно.

Наскоро наApp Store Наскоро наGoogle Play

© 2026 Glowy.mk. Сите права задржани.

Апликација ПребарувањеСалониПонудиРезервацииОмилениFAQ
Компанија За насПартнериКариераБлогКонтактПриватностУсловиКолачињаПодатоци за фирмата
Социјални InstagramFacebookTikTokXLinkedInYouTube